• петок, 22 ноември 2024

Бајден: Се уште постои можност за руски напад врз Украина (ДПЛ)

Бајден: Се уште постои можност за руски напад врз Украина (ДПЛ)

  Вашингтон, 16 февруари 2022 (МИА) – Се уште постои голема можност за руски напад врз Украина, нагласи денеска американскиот претседател Џо Бајден во изјава во врска со руско-украинската криза. Тој додаде дека САД и партнерите ќе „продолжат со дипломатија“ со Русија. Бајден рече дека САД се „подготвени за што и да се случи“, во изјавата за руско-украинската криза. „САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што се уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега“, рече претседателот на САД. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан