• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: САД се залага за ослободување на Гершкович

Бајден: САД се залага за ослободување на Гершкович

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) - САД вршат притисок за ослободување на новинарот Еван Гершкович, кој беше прогласен за виновен за шпионажа и осуден на 16 години во казнена колонија со максимална безбедност во Русија, изјави претседателот Џо Бајден, пренесоа британските медиуми.

-Нема сомнеж дека Русија неправедно го приведе Еван. Новинарството не е кривично дело, рече Бајден во изјавата.

Гершкович е прогласен за виновен за шпионажа и осуден на 16 години максимален затвор во Русија. Пресудата се уште не е правосилна и странките можат да се обжалат во рок од 15 дена од денот на одлуката. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан