• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Путин и пандемијата се виновни за рекордната инфлација во САД

Бајден: Путин и пандемијата се виновни за рекордната инфлација во САД
Вашингтон, 14 март 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изјави вечерва дека рускиот претседател Владимир Путин и пандемијата на Ковид се причините за рекордната инфлација во САД и додаде дека зголемувањето на цената нема никаква врска со политиката на неговата администрација, пренесе Фокс њуз. „Знаеме дека американските семејства се борат со зголемените цени. За да биде јасно зошто цените сега се високи, постојат две причини. Првата е поради начинот на кој функционира глобалната економија. Пандемијата направи бројни прекини во синџирот на снабдување, а синџирот на снабдување е многу важен, бидејќи материјалот доаѓа од целиот свет“, рече Бајден. Како втора причина тој го наведе својот руски колега. „Втората причина, големата причина за инфлацијата е Владимир Путин. Цената на гасот над доларот дојде откако ги стави своите војници на границата со Украина. Таа отиде на долар и пет центи“, рече Бајден. паг/  

Остани поврзан