• понеделник, 08 јули 2024

Бајден: Продолжуваме да градиме партнерства со земјите од АСЕАН

Бајден: Продолжуваме да градиме партнерства со земјите од АСЕАН
Вашингтон, 14 мај 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден порача дека првиот самит во Вашингтон со лидерите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија (АСЕАН) го означил почетокот на „новата ера“ во односите меѓу САД и организацијата на 10 азиски земји. Бајден најави дека ќе го номинира Јоханес Абрахам за американски амбасадор во АСЕАН и дека Вашингтон ќе продолжи да го гради своето партнерство со овој регион. Дводневниот самит со државите на АСЕАН, кој започна со вечера во Белата куќа во четвртокот, се одржува во пресрет на посетата на Бајден на Јужна Кореја и Јапонија од 20-24 мај, каде е планирана средба со лидерите на земјите од групата КВАД, во која покрај САД влегуваат и Австралија,  Индија и Јапонија. паг/

Остани поврзан