• среда, 25 декември 2024

Бајден поканет да го одржи годишното обраќање за состојбата на Унијата пред Конгресот на 7 март

Бајден поканет да го одржи годишното обраќање за состојбата на Унијата пред Конгресот на 7 март

Вашингтон, 6 јануари 2024 (МИА) - Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Мајк Џонсон, го покани американскиот претседател Џо Бајден да го одржи годишното обраќање за состојбата на Унијата на 7 март, пренесува БТА.

Во писмото испратено до Белата куќа денеска, Џонсон упати официјална покана до Бајден да се обрати на заедничката седница на Конгресот. Тој рече дека го поканува Бајден „во овој момент на голем предизвик за нашата земја“.

Годинешниот говор ќе му даде можност на Бајден дополнително да ја елаборира својата поширока визија и политичките приоритети во пресрет на кампањата за реизбор во ноември.

Говорот на Бајден доаѓа по неколку критични рокови за да се избегне затворање на американската федерална влада.

Финансирањето на федералните агенции кои ги надгледуваат програмите за ветерани, како и транспортот, домувањето, земјоделството и енергијата, истекува на 19 јануари. Финансирањето на остатокот од сојузната влада, вклучително и Пентагон, Стејт департментот и Министерството за домашна безбедност, ќе заврши на 2 февруари.

Во своето минатогодишно обраќање за состојбата на Унијата, Бајден рече дека ќе ја „заврши работата“ за критичните делови од неговата агенда кои останаа недовршени, како што е ограничувањето на трошоците за инсулин за сите Американци, преземањето поагресивни мерки за климатските промени, забрана на т.н напад на оружје и притисок за повисоки даноци за корпорациите и богатите. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан