• петок, 22 ноември 2024

Бајден: Подготвени сме за што и да се случи во врска со руско-украинската криза (ДПЛ)

Бајден: Подготвени сме за што и да се случи во врска со руско-украинската криза (ДПЛ)
Вашингтон, 15 февруари 2022 (МИА) –  Американскиот претседател Џо Бајден денеска нагласи дека САД и нивните сојузници „ќе ја продолжат дипломатијата“ со Русија, но предупреди дека се уште постои „голема можност“ за руска инвазија врз Украина. „САД се подготвени, што и да се случи. Ние сме подготвени со дипломатија, да се вклучиме во дипломатија со Русија и нашите сојузници и партнери за да ја подобриме стабилноста и безбедноста во Европа како целина. И ние сме подготвени одлучно да одговориме на руски напад за Украина, што се уште е голема можност. Сите настани од последните неколку недели и месеци, тоа беше нашиот пристап и останува наш пристап сега“, рече претседателот на САД  во изјава во врска со руско-украинската криза. „Се уште немаме потврдено дека руските воени единици се враќаат во своите матични бази. Навистина, нашите аналитичари укажуваат дека тие остануваат во многу заканувачки став“, рече американскиот претседтаел. Бајден рече дека САД не ги потврдиле руските тврдења дека некои воени единици распоредени долж украинската граница ги завршиле вежбите и се вратиле во своите бази и нагласи дека американските аналитичари веруваат дека 150.000 војници што Москва ги собрала долж нејзината западна граница се уште можат да извршат напад по кратко известување. Доколку Русија изврши инвазија, предупреди тој, САД се „подготвени да тргнат“ со  санкции. Сепак, рече Бајден, „треба да и дадеме на дипломатијата секоја шанса да успее“. - Ако Русија навистина изврши инвазија во наредните денови и недели, човечката цена за Украина ќе биде огромна. А стратешкиот трошок за Русија исто така ќе биде огромен. Ако Русија ја нападне Украина, ќе наиде на огромна меѓународна осуда. Светот нема да заборави дека Русија избра непотребна смрт и уништување, рече американскиот претседател во изјавата од Белата куќа. -Инвазија врз Украина ќе се покаже како самонанесена рана. САД, нашите сојузници и партнери ќе одговорат одлучно. Западот е обединет. зш/

Остани поврзан