• среда, 25 декември 2024

Бајден објави пакет помош во оружје за Украина од 425 милиони долари

Бајден објави пакет помош во оружје за Украина од 425 милиони долари

Вашингтон, 16 октомври 2024 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден денеска најави нов пакет оружје за Киев во вредност од 425 милиони долари во разговор со претседателот Володимир Зеленски, пред средбата со европските лидери во Берлин.

„Новиот пакет ќе се состои од „дополнителни капацитети за воздушна одбрана, муниција, оклопни возила за да се задоволат итните потреби на Украина“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во објавата на X, Зеленски им се заблагодари на САД за новиот пакет и наведе дека вклучува и „оружје со голем дострел“. Тој не прецизираше каков вид на оружје и не ја спомна тековната дебата околу дозволувањето на западното оружје да се користи за удари во Русија. зш/
фото ДПА

Остани поврзан