• сабота, 21 декември 2024

Бајден не планира да прима странски државници до средината на април

Бајден не планира да прима странски државници до средината на април
Вашингтон, 16 февруари 2021 (МИА) - Од почетокот на својот мандат, на 20 јануари, американскиот претседател, Џо Бајден, досега имаше неколку телефонски разговори со неговите колеги ширум светот, но тој засега не планира директни состаноци со нив пред средината на април, соопшти денеска Белата куќа. -Ќе поминат два месеци пред претседателот да покани странски лидер на состанок во Белата куќа, рече денеска неговата портпаролка Џен Псаки, додавајќи дека тоа не го спречува да има видео состаноци. Според неа, ограничувањата се неопходни поради пандемијата на коронавирусот. сд/

Остани поврзан