• понеделник, 23 декември 2024

Бајден и Џонсон разговараа за Авганистан пред утрешниот Самит на Г-7

Бајден и Џонсон разговараа за Авганистан пред утрешниот Самит на Г-7
Вашингтон, 23 август 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон денеска телефонски разговараа за напредокот во евакуацијата на авганистанските граѓани, како и за претстојниот самит на Г7. Ова се наведува во соопштението од Белата куќа. „Претседателот Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон денеска разговараа за Авганистан. Тие разговараа за тековните напори на нашиот дипломатски и воен персонал да ги евакуира своите граѓани, локалниот персонал и другите ранливи Авганистанци", се вели во соопштението. Се истакнува дека тие разговарале и за „утрешните планови за виртуелна средба на лидерите од Г-7, нагласувајќи ја важноста од тесна координација со сојузниците и партнерите во решавањето на моменталната ситуација и формирање заеднички пристап кон политиката кон Авганистан“. ссм/

Остани поврзан