• недела, 22 декември 2024

Бајден и Шолц се согласија да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина

Бајден и Шолц се согласија да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина

Вашингтон, 5 јануари 2023 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија денеска да испратат борбени возила за да и помогнат на Украина во борбата против Русија, соопшти Белата куќа.

– САД имаат намера да и достават на Украина борбени возила за пешадија „Бредли“, а Германија има намера да и обезбеди на Украина борбени возила „Мардер“. Двете земји планираат да ги обучуваат украинските сили за соодветните системи, се вели во соопштението на Белата куќа.

„Бредли“ е оклопно возило со моќен топ, а за потребите на американската армија на боиштата се користи од средината на 1980-тите.

Киев побара од САД да испратат тенкови „Абрамс“ во Украина, што Вашингтон се уште не го одобри. рп/

Остани поврзан