• понеделник, 23 декември 2024

Бајден и Шолц разговараа за ситуацијата во Украина, енергетските пазари и подобрувањето на стабилноста на Западен Балкан

Бајден и Шолц разговараа за ситуацијата во Украина, енергетските пазари и подобрувањето на стабилноста на Западен Балкан
Вашингтон, 9 октомври 2022 (МИА)  - Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска телефонски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за ситуацијата во Украина, енергетските пазари и подобрувањето на стабилноста на Западен Балкан, соопшти Белата куќа. Бајден и Шолц разговарале за притисокот од санкциите врз Русија, помошта за Украина и ситуацијата на енергетските пазари. Нагласено е дека лидерите на двете земји конкретно ја изразиле својата „заложба да ја повикаат Русија за одговорност за нејзините брутални дејствија и да обезбедат безбедносна и економска помош за Украина“. „Лидерите разговараа и за неодамнешните случувања на глобалните енергетски пазари и важноста од обезбедување на одржливо и достапно снабдување со енергија. Дополнително, се разговараше за напорите за подобрување на регионалната стабилност и просперитет на Западен Балкан“, се вели во соопштението. зш/

Остани поврзан