• четврток, 19 декември 2024

Бајден за новите санкции за Куба: Ова е само почеток

Бајден за новите санкции за Куба: Ова е само почеток
Вашингтон, 22 јули 2021 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека новите санкции против Куба, како знак на протест против „сузбивањето“ на неодамнешните протести во таа островска држава, се „само почеток“. „САД ќе продолжат да ги санкционираат одговорните за угнетувањето на кубанскиот народ“, рече Бајден, кој ги осуди апсењата во Куба и „лажните судења“ на оние кои се осмелуваат да зборуваат. Претходно, американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека се воведени санкции против кубанскиот министер за одбрана Алваро Лопез Миера и специјалната единица на Министерството за внатрешни работи поради неодамнешните репресии на протестите во Куба. зш/

Остани поврзан