• четврток, 19 декември 2024

Бајден го одложи разгледувањето на новите терминали за извоз на гас за еколозите да го поддржат на изборите

Бајден го одложи разгледувањето на новите терминали за извоз на гас за еколозите да го поддржат на изборите

Вашингтон, 26 јануари 2024 (МИА) – Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден денеска одлучи да го одложи разгледувањето на одобрението за изградба на нови терминали за извоз на течен природен гас (ЛНГ), иако тоа е профитабилен бизнис откако гасот што се извезува во Европа и Азија драстично се зголеми откако Русија ја нападна Украина.

За Бајден е изборна година, пренесува Бета, па со таа одлука американскиот претседател се усогласи со еколозите кои стравуваат дека големото зголемување на извозот на ЛНГ ќе доведе до потенцијално катастрофални емисии на стакленички гасови што доведуваат до глобално затоплување.

Во исто време, Бајден вети дека ќе го намали загадувањето на американската клима за половина до 2030 година.

- Додека МАГА (екстремните про-Трамп) републиканци намерно ја негираат итноста на климатската криза, со што го осудуваат американскиот народ на опасна иднина, мојата администрација нема да се однесува самозадоволно, рече Бајден во изјава.

Тој додаде дека „нема да отстапи пред ничии посебни интереси“.

- Ќе ги слушаме повиците на младите луѓе и заедниците на првата линија на фронтот кои со својот глас бараат акција од оние кои имаат моќ да дејствуваат, нагласи Бајден.

Економските и еколошките анализи што ги користи американското Министерство за енергетика за да ги процени проектите за ЛНГ несоодветно ги разгледуваат потенцијалните зголемувања на трошоците за американските потрошувачи и производители, како и влијанието на емисиите на стакленички гасови, соопшти Белата куќа. јт/

Фото: Х

Остани поврзан