• понеделник, 23 декември 2024

Бајден го нарече Путин „воен злосторник“ за време на патувањето во Полска

Бајден го нарече Путин „воен злосторник“ за време на патувањето во Полска

Варшава, 25 март 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден уште еднаш го нарече рускиот претседател Владимир Путин „воен злосторник“, овој пат при неговата посета на Полска.

Демократиите се „обединети во нашата опозиција и напори да го спречат уништувањето што се случува од рацете на човекот за кој искрено мислам дека е воен злосторник“, рече Бајден во полскиот град Жешов.

„Мислам дека ќе ја исполни правната дефиниција и за тоа“.

Бајден му се придружи на полскиот претседател Анджеј Дуда во посета на Жешов, со цел лично да ги види хуманитарните напори што се прават за поддршка на бегалците кои бегаат од Украина. аа/

Остани поврзан