• понеделник, 23 декември 2024

Бајден: Бесплатна вакцина за сите Американци ако бидам избран за претседател

Бајден: Бесплатна вакцина за сите Американци ако бидам избран за претседател
Вашингтон, 24 октомври 2020 (МИА) - Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, зборувајќи за своите планови за борба против коронавирусот, рече дека доколку биде избран за претседател, ќе обезбеди бесплатна вакцина за сите Американци. - Штом имаме безбедна и ефикасна вакцина, таа треба да биде бесплатна за сите, без разлика дали сте осигурани или не, рече Бајден обраќајќи се во Вилмингтон, Северна Каролина. Тој додаде дека доколку биде избран, ќе и даде упатства на федералната влада да купи на големо што повеќе дози од вакцината против Ковид-19, за да може бесплатно да им се дава на оние кои немаат осигурување, јави Си-Ен-Ен. Во завршните зборови пред гласачите, 11 дена пред изборите, Бајден зборуваше за неговите четири приоритети во борбата против пандемијата на коронавирусот. Покрај обезбедувањето бесплатна вакцина, тој рече дека ќе побара од гувернерите да наредат да се носат маски во нивните земји, да изготват национален план за тестирање и да се зголеми производството и дистрибуцијата на лична заштитна опрема. Бајден  предупреди дека ќе поминат многу месеци пред вакцината да стане широко достапна за Американците. Тој рече кога вакцината ќе биде подготвена за дистрибуција, на Соединетите Американски Држави им е потребен претседател кој ќе обезбеди дистрибуција на фер и одговорен начин. Бајден исто така го критикуваше Трамп за обидот за укинување на Обамакер за време на здравствената криза. паг/  

Остани поврзан