• петок, 04 октомври 2024

Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК

Бах нема да се кандидира за трет мандат на чело на ИОК


Париз, 11 август 2024 (МИА) – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), 70-годишниот Томас Бах, изјави дека нема да се кандидира за трет мандат на чело на олимпиското движење.
Бах е на чело на ИОК од 2013 година, но се откажа од нов мандат, што ќе повлече и промена на олимписката повелба.
„Пред сè сакам да го заштитам кредибилитетот на олимпиското движење. Долго размислував и дојдов до заклучок дека нема да се кандидирам за нов мандат“, рече Бах.
Неговиот наследник ќе биде избран на 143. седница на ИОК во Атина, што ќе се одржи од 18 до 21 март следната година. Бах ќе остане на функцијата до јуни следната година. ег ФОТО: Икс

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан