Барти стигна до петтата титула оваа сезона
- Првиот светски рекет Ешли Барти вечерва во финалето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Жил Белен Тишман (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.
Синсинати, 22 август 2021(МИА) - Првиот светски рекет Ешли Барти вечерва во финалето на турнирот во Синсинати (САД) ја победи Жил Белен Тишман (Швајцарија) со 2-0, по сетови 6:3 и 6:1.
За Австралијанката, ова е петти трофеј во 2021 година и 13. во кариерата.
Во мечот којшто траеше еден час и 13 минути, Барти сервираше осум аса, наспроти 2 на Тишман. Во винери победничката беше подобра со 28:12.
Билансот на Барти оваа сезона е 40 победи и седум порази. зс/