• недела, 30 јуни 2024

Барти победи на 14. од 15 натпревари против најдобрите 20 оваа сезона

Барти победи на 14. од 15 натпревари против најдобрите 20 оваа сезона
Синсинати, 20 август 2021 (МИА) - Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Синсинати ја победи шампионката на „Ролан Гарос“ Барбара Крејчикова со 2-0, по сетови, 6:2 и 6:4. Победничката на Вимблдон, го одигра својот 15. натпревар против тенисерки од Топ 20 оваа сезона и ја забележа 14-та победа. Единствениот пораз и го нанесе Арина Соболенко во финалето на турнирот во Мадрид. Во натпреварите со најдобрите 10, билансот на Австралијката е 7:1. Вкупно, Барти има 38 победи на 45 натпревари во 2021 година. За Барти, полуфиналето во Синсинати е шесто на ВТА турнирите оваа сезона. Таа ги доби сите претходни. Во полуфиналето таа ќе се сретне со победничката од мечот меѓу Анџелик Кербер и Петра Квитова. зс/

Остани поврзан