• понеделник, 25 ноември 2024

Барти нема да настапи во Индијан Велс

Барти нема да настапи во Индијан Велс
Индијан Велс, 28 септември 2021 (МИА) – Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се повлече од турнирот во Индијан Велс. Причините за откажувањето на австралиската тенисерка да учествува на турнирот во Калифорнија сè уште не се познати. Нејзиното место ќе го заземе претставничката на Словенија, Полона Херцог. Претходно, од турнирот се повлече и Јапонката Наоми Осака. Мастерсот во Индијан Велс ќе се одржи од 7 до 17 октомври. зс/

Остани поврзан