• понеделник, 25 ноември 2024

Барти избори четвртфинале на Австралија опен

Барти избори четвртфинале на Австралија опен
Мелбурн, 23 јануари 2022 (МИА) – Првиот светски рекет во женскиот тенис, Ешли Барти се пласира во четвртфиналето на Грен слемот Австралија опен, откако денес ја совлада Аманда Анисимова со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3. Во меч што траеше еден час и 16 минути, Австралијката го доби првиот сет со 6:4, додека во вториот на Американката и препушти три гема. Противничка на Барти во следната фаза ќе и биде Џесика Пегула (САД). Наградниот фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 54 милиони долари. Претходно место помеѓу осумте најдобри обезбедија Медисон Кис од САД и Барбора Крејчикова од Чешка. зс/

Остани поврзан