• петок, 05 јули 2024

Барселона сака да го позајми Дијаз од Ливерпул

Барселона сака да го позајми Дијаз од Ливерпул

Барселона, 16 мај 2024 (МИА) - Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз може да ја продолжи кариерата во Ла Лига.

Според „Todofichajes“, Барселона е заинтересирана да го добие фудбалерот на позајмица.

Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко разговараше со претставници на напаѓачот. 

Тренерот на Барселона, Чави, го одобри трансферот.

Оваа сезона во англискиот шампионат, 27-годишниот Дијаз одигра 36 натпревари, постигна осум гола и пет асистенции. Неговиот договор со „Црвените“ е до летото 2027 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан