• среда, 31 јули 2024

Барселона на пенали го победи Манчестер сити

Барселона на пенали го победи Манчестер сити

Орландо, 31 јули 2024 (МИА) – Во контролен натпревар на два европски фудбалски великани одигран ноќеска на стадионот „Орландо Ситрус Боул“ во САД, Барселона го победи Манчестер сити со 4:1 на пенали.

Основниот дел од натпревар заврши нерешено 2:2. Головите за Каталонците ги постигнаа Пабло Торе и Пау Делгадо. Нико О'Рајли и Џек Грилиш погодија за англискиот тим.

Во пенал рулетот, Барселона беше непогрешлива, додека единствен стрелец за Сити беше Амар Ахмед Фатах. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан