• петок, 05 декември 2025

Барселона најмалку шест недели без Педри

Барселона најмалку шест недели без Педри

 

Барселона, 31 октомври 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Педри, кој се повреди минатата недела во дербито против Реал Мадрид, мина дополнителни медицински тестови кои покажале повредата на левиот тетивен мускул е посериозна отколку првичните претпоставки, што значи дека неговото закрепнување ќе трае најмалку шест недели.

Дваесетидвегодишниот шпански репрезентативец нема да биде во составот на Барселона за претстојните натпревари во шпанското првенство и во Лигата на шампиони против Елче, Бриж, Селта, Атлетик Билбао, Челзи, Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис.

Педри, исто така, ќе биде надвор од составот на Шпанија за завршниот ноемвриски квалификациски циклус за пласман Светското првенство 2026 и дуелите против Грузија и Турција.

Во најдобар случај, Педри би можел да се врати на теренот за натпреварот од Лигата на шампиони против Ајнтрахт Франкфурт на 9 декември.ег

ФОТО: Архива

Остани поврзан