• петок, 05 декември 2025

Барселона заинтересирана за бразилскиот тинејџер Соуза

Барселона заинтересирана за бразилскиот тинејџер Соуза


Барселона, 24 ноември 2025 (МИА) – Шпанскиот фудбалски првак Барселона е заинтересиран за младата ѕвезда на бразилскиот клуб Сантос, Жоао Виктор Соуза, јавија денеска локалните медиуми во Шпанија.
Деветнаесетгодишниот Бразилец сезонава импресионира со своите настапи, што му дава можност да направи голем трансфер во 2026 година.
Според медиумите, каталонскиот гигант е подготвен да понуди меѓу 12 и 15 милиони евра за да го привлече Соуза.
За младиот Бразилецот интерес покажува и Баерн Минхен, и сè уште не е јасно за која цена би се согласило раководството на Сантос за да се раздели од Соуза. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан