• среда, 03 јули 2024

Барселона го претстави Гасол

Барселона го претстави Гасол
Барселона, 25 март 2021 (МИА) - Шпанскиот кошаркар По Гасол денеска официјално е промовиран во нов играч на Барселона, екипата во која ја започна својата кариера. Гасол (40) последен пат го носеше дресот на Барселона во 2001 година, кога соиграч му беше актуелниот тренер на каталонскиот клуб Шарунас Јасикевичиус. Гасол потоа се пресели во НБА лигата, настапувајќи за екипите на Мемфис, Чикаго, Сан Антонио, Милвоки и Лос Анџелес лејкерс, со кој освои две шампионски титули - Не сум истиот По како пред 20 или 10 години, но се надевам дека можам да му помогнам на клубот. Мојата амбиција е иста, изјави Гасол, кој својот договор со Барселона го потпиша во февруари. ег/ми/

Остани поврзан