• понеделник, 04 ноември 2024

Барселона го отстрани Алвеш од списокот на клупски легенди

Барселона го отстрани Алвеш од списокот на клупски легенди

Барселона, 27 февруари 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски великан Барселона го избриша Дани Алвеш од листата клупски легенди.

Бразилецот неодамна доби затворска казна поради силување девојка во еден ноќен клуб во Барселона.

Алвеш кој е и поранешниот фудбалер на бразилската репрезентација беше прогласен за виновен за силување и осуден на 4,5 години затвор. Адвокатите на фудбалерот ја обжалија одлуката.

На списокот на легенди на Барселона се наоѓаат 102 играчи кои играле за клубот во различни периоди од неговото основање. Во согласност со презумпцијата на невиност, Каталонците го отстранија Алвеш од статусот легенда дури по официјалното објавување на пресудата.

Дани Алвеш играше за Барселона од 2008 до 2016 година и од 2021 до 2022 година. Вкупно, тој забележа 408 настапи за каталонскиот клуб и освои 23 трофеи. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан