• недела, 06 октомври 2024

Барние најави интензивирање на напорите во преговорите во Велика Британија

Барние најави интензивирање на напорите во преговорите во Велика Британија
Брисел, 15 октомври 2020 (МИА) - Главниот преговарач на Европска Унија во преговорите со Велика Британија, Мишел Барние изјави дека ЕУ е одлучна да постигне фер договор со Лондон. Тој најави интензивирање на разговорите односно следната недела ќе разговараат во Лондон, а следните седум дена во Брисел. - Се ќе направиме, но не по секоја цена, истакна Барние, додавајќи дека ЕУ ќе остане „мирна, одлучна и обединета“ во преговорите со Лондон. Барние истакна дека позицијата на ЕУ е „кристално јасна од почеток“. - Ако сакаат пристап до нашиопт пазар од 450 милиони луѓе мора да постои слободна и фер конкуренција, посочи Барние. Тој оцени дека постои перспектива за постигнување на договор, но оти има и области во кои воопшто нема напредок во преговорите, како што се рибарство, управување и конкуренција. ми/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан