• среда, 20 ноември 2024

Барела демантира вмешаност во аферата спортско обложување

Барела демантира вмешаност во аферата спортско обложување

Милано, 22 октомври 2023 (МИА) – Фудбалерот на калчолигашот Интер, Николо Барела, објави денеска дека ќе поднесе тужба против италијанскиот весник кој го поврза со аферата спортско обложување што последниве денови ја тресе фудбалска Италија.

Барела се огласи на Инстаграм и недвосмислено демантираше каква и да е поврзаност со скандалот во кој се вмешани неговите италијански репрезентативни колеги Сандро Тонали, Николо Заниоло и Николо Фаџоли.

Името на Барела со скандалот го поврза италијанскиот весник „Ла Верита“ што во превод од италијански значи вистина.

„Од весникот кој го носи името 'Вистина' очекував барем малку повеќе сериозност. Единствената вистина е дека вие сте кловнови! Предолго молчев и покрај сè што се пишуваше за мене. Никогаш не сум го сакал коцкањето, ниту обложувањето. Единственото нешто за што сега се грижам се моите ќерки и моето семејство, кои морам да ги заштитам од ова. Поради тоа, почнувајќи уште од денеска, ќе тргнам во акција по легален пат“, објави италијанскиот репрезентативец Барела. ег/паг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан