• петок, 22 ноември 2024

Барби-астронаутка испратена во Вселената

Барби-астронаутка испратена во Вселената
Париз, 4 октомври 2021 (МИА) - Барбика со ликот на италијанската астронаутка Саманта Кристофорети, беше лансирана на бестежински лет. Целта е да ги инспирира девојчињата и младите жени за кариера со истражувањето на Вселената и за науката воопшто. Куклата е испратена по повод одбележувањето на Неделата на прошетка во Вселената од 4. до 10 октомври, годинава посветена на жените во Вселената. Изработена е од производителот на играчки „Мател“, во соработка со Европската вселенска агенција (ЕСА) и астронаутката, која се подготвува за следната своја мисија на Меѓународната вселенска станица во април. Како дел од проектот, барбиката го следи сѐ она низ што минува секој астронаут додека се припрема за вселенска мисија. - Куклата Саманта веќе беше на параболичен лет, така што веќе има искуство со бестежинска состојба. Навистина се надевам дека ќе успееме да предизвикаме ентузијазам кај девојчињата и, можеби, тие снимки ќе запалат искра во срцата на некои од нив и тоа ќе биде чудесно!, вели Кристофорети во видеопораката. Барбиката го споделува своето искуство со следачите на нејзината страница, а приходите од проектот за куклата „Саманта Кристофорети“ ќе одат за организацијата „Жени во Вселената“ која финансира стипендии за студентки.  си/ссм/

Остани поврзан