• понеделник, 23 декември 2024

„Барајќи ја Венера“ во натпревар во категоријата долгометражен игран филм на фестивалот во Трст

„Барајќи ја Венера“ во натпревар во категоријата долгометражен игран филм на фестивалот во Трст
Скопје, 25 јануари 2022 (МИА) - Долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“ во режија на Норика Сефа, а снимен во косовско-македонска копродукција, е селектиран и ќе се натпреварува во категоријата долгометражен игран филм на Интернационалниот филмски фестивал во Трст во Италија. Филмот е дебитанско остварување на режисерката Норика Сефа, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република  Северна Македонија. Сработен е и завршен во потспродукција и неговиот звучен дизајн од продуцентите во „Аудиохаус“, односно Игор Поповски и Дејан Крајчевски. Од косовска страна продуцент е Бесник Крапи, сценариото е на Сефа, додека кинематографер е Луис Армандо Артеага. Филмот раскажува приказна за скромната тинејџерка Венера која живее во мало село на Косово. Во нејзиниот дом живеат три генерации, така што таа нема многу приватност. Надвор, на улиците и во кафулето, не е многу подобро: селото е мало и секогаш има брат, внук или сосед, кој внимава на неа. Од една девојка се очекува пред сè да ја заштити својата добра репутација - и тоа на нејзиното семејство.бт/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан