• недела, 22 декември 2024

Балканско првенство во одбојка на песок викендов во Штип

Балканско првенство во одбојка на песок викендов во Штип

Штип, 12 јули 2023 (МИА) - Околу 40 учесници од пет балкански држави се пријавени за Балканското првенство во одбојка на песок кое ќе се одржи претстојниот викенд во Штип. 

 

- Подоготовките за теренот во спортско рекреативниот центар „Џексон“ веќе се во тек, а одбојкари ќе има од Србија, Романија, Косово, Македонија и Турција. Балканското првенство во одбојка на песок се одржува четврта година. Традиоционално ова е манифестација која се одржува секоја година, Балканската федерација оваа година ја додели на Македонија и Штип се јавува како домаќин на истата. Турнирот ќе се одржи од 14 до 16 јули, од петок до недела. До сега имаме пријавено околу 40 учесници од пет балкански држави, информира Никола Мицевски меѓународен одбојкарски судија.

 

Организаторот очекува добри одбојкарски натпревари. Мицевски ги покани сите граѓани, љубители на спортот, пред се на одбојката на песок викендов да бидат дел од овој турнир.

 

- Она што очекувам да се случи во нареднит период е добри одбојкарски натпревари. Свеченото отворање е во петок во вечерните часови, а финалните натпревари се очекува да бидат во недела на 16 јули. Ги поканувам сите љубители на одбојката на песок да дојдат, рече Мицевски.

 

Балканското првенство во одбојка на песок е во организација на Одбојкарската федерација на Македонија заедно со Општина Штип. вдј/зс/

Остани поврзан