• петок, 22 ноември 2024

Балкански економски форум во Скопје

Балкански економски форум во Скопје
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Балкански економски форум ќе се одржи денеска во Скопје, со дебати за состојбите, перспективите и политиките на економскиот развој на регионот. Учесниците ќе дебатираат за „Регионална економска соработка – мит или реалност?“, „Балкански енергетски изгледи за побрза енергетска транзиција“, „Финансирање развој и регионална соработка“, „Обновување и усовршување на балканската работна сила“... Според најавата од организаторот, на форумот ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски,  вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, евроамбасадорот Дејвид Гир, австрискиот амбасадор во државава Георг Вуцас, а со видео обраќања еврокомесарот задолжен за проширување Оливер Вархеи и Дубравка Шуица, потпретседателка на Европската Комисија.лв/са/  

Остани поврзан