• понеделник, 23 декември 2024

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ

Бала: Бериша набрзо ќе биде прогласен за „персона нон грата“ во ЕУ
Тирана 19 септември 2022(МИА) – Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала изјави дека поранешниот претседател и премиер Сали Бериша набрзо ќе биде прогласен за непожелна личност во Европска Унија. Бала рече дека е поднесена иницијатива во Европскиот парламент со која се бара „лицата кои САД ги прогласија за ’персона нон грата‘ да ја имаат истата судбина во земјите-членки на ЕУ“. Тој додаде дека според негова процена, такво нешто нема да потрае долго и оти такво нешто може да се случи наскоро. Седумдесет и осумгодишниот Бериша, кој сега го предводи побројното крило на опозициските демократи, беше прогласен за „персона нон грата“ од САД на 19 мај 2021 година за коруптивни дела кои ја поткопуваат демократијата во Албанија, додека на 22 јули годинава истото го направи и Велика Британија. вт/ми/

Остани поврзан