• петок, 22 ноември 2024

Баерн преговара со Мусиала и Кимих за нови договори

Баерн преговара со Мусиала и Кимих за нови договори

 

Минхен, 16 септември 2024 (МИА) – Германските медиуми објавија денеска дека Баерн Минхен во следните денови ќе ги интензивира преговорите со двајцата свои играчи Џамал Мусиала и Џошуа Кимих за продолжување на нивните договори.

Спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл, истакна дека и двајцата фудбалери се подеднакво важни за клубот и оти Баварците ќе направат сè што е во нивна моќ за да ги задржат во клубот.

Откако ги помина фудбалските школи на Саутемптон и Челзи, како и помладите репрезентативни возрасти на Англија, 21-годишниот Мусиала дојде во Баерн во 2020 година и има важечки договор до јуни 2026 година. Најчестите шпекулации се дека Мусиала би можел да се врати во Англија и настапува за Манчестер Сити.

Осум години постариот Кимих е во Баерн од 2015 година кога го напушти Лајпциг, а од неодамна со големо внимание го следи и Барселона. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан