• петок, 22 ноември 2024

Баерн не е сигурен за потписот на Кејн

Баерн не е сигурен за потписот на Кејн

Минхен, 26 јануари 2023 (МИА) – Управата на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен не верува дека клубот може да го реализира трансферот на Хари Кејн во летниот преоден рок.

Според новинарот Флоријан Плетенберг, Баварците не се сигурни дека самиот играч е подготвен да се пресели во Бундеслигата, бидејќи тој во неколку наврати изјавил дека сака да продолжи да игра во Премиер лигата.

Кејн сака да стане најдобар стрелец во историјата на шампионатот на Англија. Напаѓачот сега е на 62 гола од рекордот на Алан Ширер.

Договорот на 29-годишниот фудбалер со Спарс истекува за година и пол.

Пред неколку дена, тренерот на Тотенхем, Антонио Конте рече дека Кејн е легенда на клубот и би сакал да му помогне да освојува трофеи. зс/

Остани поврзан