Баерн Минхен му понуди нов договор на крилото Лерој Сане
- Лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, доставил официјална понуда за нов договор до германскиот репрезентативец Лерој Сане, објави „Скај Германија“. Во информацијата објавена денеска се додава дека спортскиот директор Макс Еберле сака да го задржи крилниот напаѓач уште три години и добил одобрение од неговите колеги во бордот на директори.

Минхен, 10 април 2025 (МИА) - Лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, доставил официјална понуда за нов договор до германскиот репрезентативец Лерој Сане, објави „Скај Германија“. Во информацијата објавена денеска се додава дека спортскиот директор Макс Еберле сака да го задржи крилниот напаѓач уште три години и добил одобрение од неговите колеги во бордот на директори.
Договорот на 29-годишниот фудбалер ќе истече во јуни, а тој нема дадено никакви официјални изјави за неговата иднина. Во последниве месеци клубот преговарапе за нови договори со други играчи со истечен договор како Џошуа Кимих и голманот Мануел Нојер.
Откако стана јасно дека Баерн ќе се раздели со една од нивните живи легенди, Томас Мулер, челниците на Бундеслигата конечно го свртеа вниманието кон Сане.
Се чини дека тој го убеди клубот дека треба да остане, со неговите девет гола во Бундеслигата оваа сезона.
-Задоволни сме што Лерој е во толку добра форма во моментов; ни треба кога Џамал Мусала не е на располагање. Нема потреба Лерој да ни ја докажува својата класа на поединечни натпревари за да видиме колку ни е корисен, изјави неодамна Еберле по победата на Баерн од 3-1 над Аугсбург, во која Сане повторно постигна гол.
На Сане никогаш не му недостигале опции, а во последните два месеци се зборува дека би можел да се пресели во англиската Премиер лига, од каде има понуди. дс
Фото: Архива