• четврток, 07 ноември 2024

Бадоса прва Шпанка која го освоила турнирот во Индијан Велс

Бадоса прва Шпанка која го освоила турнирот во Индијан Велс
Индијан Велс, 18 октомври 2021 (МИА) - Шпанската тенисерка Пола Бадоса синоќа ја победи Белорусинката Викторија Азаренка во финалето на турнирот во Индијан Велс со 2-1, по сетови  7:6 (7:5); 2:6 и 7:6 (7:2). Дваесет и тригодишната Бадоса стана првата Шпанка која победила на турнирот. Во 1996 година, Кончита Мартинез стигна до финалето, но загуби од Германката Штефи Граф (6:7, 6:7). За Бадоса, ова е втора ВТА титула во нејзината кариера. Оваа година Шпанката стана победник и на турнирот во Белград. зс/

Остани поврзан