• сабота, 06 јули 2024

Бадоса поради топлотен удар не го заврши четвртфиналето на Олимпијадата, од теренот изнесена во инвалидска количка

Бадоса поради топлотен удар не го заврши четвртфиналето на Олимпијадата, од теренот изнесена во инвалидска количка
Токио, 28 јули 2021 (МИА) – Шпанската тенисерка Паула Бадоса не го доигра четвртфиналниот меч против Маркета Вондрушова на Олимписките игри во Токио. Таа се откажа откако првиот сет загуби со 3:6. На Шпанката и се слоши поради жештината. Не можеше сама да го напушти теренот – ја изнесоа во инвалидска количка. Денес Бадоса сепак треба да игра и во мешани двојки. зс/

Остани поврзан