• вторник, 24 декември 2024

„Бадниковата поворка“ во Куманово собра донации за 15 социјално загрозени семејства

„Бадниковата поворка“ во Куманово собра донации за 15 социјално загрозени семејства
Куманово, 6 јануари 2022 (МИА) - Бадниковата поворка во Куманово и оваа година како и претходната се одржа на градскиот плоштад со собирање на донации, информираа денеска од здружението „Бадникови поворки“. Децата добија божикни ѕвездички и колачиња и ја слушаа песната „Вечниот бог“. Бадниковата пештера беше поставена на плоштадот, а годинава ја изработи уметникот, Мирослав Величковски. Кумановци имаа можност да донираат средства на повеќе пунктови во градот, а собраните средства се искористија за донации на 15 семејства од ранливите категории. - Годинава „Бадниковата поворка“ е седма по ред, но поради пандемијата последниве две години нашата мисија е хуманитарна. Би сакал да упатам порака до православните христијани. Светителите веруваат во единството на небесната и земската црква, ако небесната црква ја сочинуваат Отецот, Синот и Светиот Дух, земјената Црква ја сочинуваат сите христијани. Треба да правиме добри дела затоа што тие се секогаш од Бога, треба да се почитуваме, бремето на едниот, заеднички да го носиме како што го правеле Христовите ученици, вели Ана Денковииќ Антевска. Сања Георгиевска од здружението „Бадникови поворки“ се заблагодари на донациите и рече дека со донациите ќе се израдуваат 15 семејства. Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски посака здравје, среќа и успех во сечиј дом и повика на заедништво и солидарност. Тој повика на национално обединување и заемно почитување на сите граѓани. Претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска ги честиташе празниците и посака завршеток на пандемијата и успех и развој на градот. ам/вг/

Остани поврзан