Багеј: Не може да се очекува од Иран да ја продолжи вообичаената соработка со МААЕ
- Не може да се очекува Иран да продолжи со нормална соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во време кога не може да ја гарантира безбедноста на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Гроси, по нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеј, објавија британските медиуми.
Техеран, 30 јуни 2025 (МИА) - Не може да се очекува Иран да продолжи со нормална соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во време кога не може да ја гарантира безбедноста на генералниот директор на агенцијата, Рафаел Гроси, по нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеј, објавија британските медиуми.
Претходно, претставникот на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека Иран не му се заканува на Гроси.
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, во петокот изјави дека желбата на Гроси да ги провери постројките во нуклеарната програма на Иран погодени од американските напади е „бесмислена и можеби злонамерна“.
Арагчи истакна дека иранскиот Парламент одлучил да ја прекине соработката со МААЕ затоа што Гроси „криел информации дека агенцијата официјално ги прогласила сите проблеми (со Иран) за решени пред десет години“.сд/
фото:МИА архива