Бабиш: Коалицискиот договор меѓу АНО, СПД и Партијата на мотористите ќе биде потпишан на 3 ноември
- Лидерот на АНО и веројатно иден премиер на Чешка, Андреј Бабиш, најави дека коалицискиот договор меѓу АНО, СПД и Партијата на мотористите ќе биде потпишан в понеделник, на 3 ноември, кога новиот состав на Претставничкиот дом ќе одржи конститутивна седница.
Прага, 29 октомври 2025 (МИА) – Лидерот на АНО и веројатно иден премиер на Чешка, Андреј Бабиш, најави дека коалицискиот договор меѓу АНО, СПД и Партијата на мотористите ќе биде потпишан в понеделник, на 3 ноември, кога новиот состав на Претставничкиот дом ќе одржи конститутивна седница.
Претставниците на трите партии денеска ќе разговараат за распределбата на клучните пратенички места и ќе ја прецизираат политичката изјава на новата влада, пренесе Чешкото Радио.
Чешкиот претседател Петр Павел формално го задолжи Бабиш да преговара за формирање нова влада. Како што се наведува, очекувањата се дека лидерот на АНО ќе му го поднесе на претседателот коалицискиот договор и главните приоритети на владата во втората половина на оваа недела. јт/
Фото: МИА архива