• сабота, 21 декември 2024

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници

Аџилакот во Мека почна со ограничен број верници
Ријад, 29 јули 2020 (МИА) - Муслиманските верници одбрани за аџилак, вчера го завршија карантинот, а денеска ја посетуваат Мека, каде се применуваат мерките за спречување на ширењето на Ковид-19. Според саудиските власти Мека ќе ја посетат околу илјада верници, но локалните медиуми објавија дека нивниот број би можел да достигне до 10.000. Верниците претходно беа прегледани од лекар и ставени во карантин, додека нивниот багаж беше дезинфициран, а дел од аџиите добија електронски нараквици, со цел да се следи нивното движење. Екипи работници се задолжени за редовно чистење и дезинфекција на Големата џамија во Мека, каде се наоѓа Каба, конструкција во облик на коцка, која претставува главно муслиманско светилиште, околу кое се движат верниците за време на обредот. Аџиите годинава нема да ја допираат Каба, со цел да се ограничи опасноста од инфекција со новиот коронавирус, а околу Голема џамија се распоредени возила на брзата помош и поставени се мобилни амбуланти. Странските новинари годинава нема да го следат верскиот обред. Аџилакот во Мека е еден од петте столбови на исламот, и според верскиот закон секој муслима е должен барем еднаш во животот да ја посети Мека. ми/

Остани поврзан