• сабота, 23 ноември 2024

Ајхорст: Преговорите во БиХ се одвиваат во добра и конструктивна атмосфера

Ајхорст: Преговорите во БиХ се одвиваат во добра и конструктивна атмосфера

Неум, 28 јануари 2022 (МИА) - Директорката на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) Анџелина Ајхорст изјави дека преговорите за измена на Изборниот закон во БиХ се одвива во добра атмосфера, пренесуваат босанските медиуми.

Таа смета дека е добро да се информира јавноста дека преговорите се одвиваат во добра и конструктивна атмосфера.
„Сведоци сме на квалитетна и конструктивна дискусија која почна синоќа и продолжи со денешните разговори. Имаме претставници на опозицијата и на владејачките структури, различни, но конструктивни размислувања“, рече Ајхорст.
Таа додаде дека по синоќешните првични разговори, продолжиле дискусиите за сеопфатниот пакет од 17 страници кој зборува за унапредување на изборниот процес. „Овие документи ќе продолжат да се подложуваат на експертска анализа... Пред нас е уште многу работа“, рече таа, истакнувајќи дека сега се „гледа и чувство на итност и желба да се договори неопходното решение“.
Преговорите за измена на Изборниот закон во БиХ почнаа утринава зад затворени врати во хотелот „Мареа“ во Неум,  а се треба да биде завршено најдоцна до недела, за кога е најавено заедничко соопштение за медиумите. Како што пренесуваат сараевските медиуми, „ова е последна шанса да се дефинираат одредени работи и да се задоволат апетитите на сите страни во преговорите“. Настанот го покриваат голем број медиуми, а дали овие преговори ќе завршат со договор, односно „Неумски договор“, ќе се знае најрано в сабота навечер, а најдоцна в недела. паг/
 
 

Остани поврзан