• сабота, 06 јули 2024

Ајатолахот Хамнеи до Ханија: Иран нема директно да се вклучи во војната во Газа

Ајатолахот Хамнеи до Ханија: Иран нема директно да се вклучи во војната во Газа

Техеран, 15 ноември 2023 (МИА) - Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, денеска на палестинската милитантна група Хамас и соопшти дека Иран нема да влезе во војна против Израел во нивно име.

„Не не’ предупредивте за вашиот напад врз Израел на 7 октомври и ние нема да влеземе во војна во ваше име“, пренесуваат британските медиуми за пораката.

Британските медиуми цитираат „тројца високи функционери“ кои наведуваат дека Хамнеи му кажал на Ханија дека иако Иран дава политичка поддршка за Хамас, земјата нема „директно да интервенира“.

Иранскиот лидер, наводно, побарал од Ханија да ги „замолчи гласините“ во Хамас кои повикуваат Иран и Хезболах „со полна сила“ директно да се приклучат на војната против Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“. сд/

Остани поврзан