• понеделник, 23 декември 2024

Ашаданов: Сите кои беа на терен одиграа максимално и прикажаа борбеност

Ашаданов: Сите кои беа на терен одиграа максимално и прикажаа борбеност

Скопје, 13 ноември 2023 (МИА) – Селекторот на македонската женската кошаркарска репрезентација, Александар Ашаданов, не е разочаран од убедливиот пораз од Србија, втор во квалификациите за Евробаскет 2025.

Србинките вчеравечер во СРЦ „Кале“ триумфираа со 103:60.

- Несомнено, квалитетот на екипата на Србија кој е доста висок, го покажа во овој циклус на првите два меча, и вечерва против нас и пред некој ден, против Украина. Истовремено, сакам да им се заблагодарам и на кошаркарките затоа што без разлика на резултатот, се бореа од почеток до крај. Иако уште од стартот на мечот бевме во минус од дваесет поени, сите кои беа на терен играа максимално и прикажаа борбеност, изјави Ашаданов.

Квалификациите ќе продолжат во ноември следната година. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан