• сабота, 23 ноември 2024

АЦЕР: Северна Македонија 100-процентно зависна од рускиот гас

АЦЕР: Северна Македонија 100-процентно зависна од рускиот гас
Скопје, 8 февруари 2022 (МИА) – Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската Унија (АЦЕР). Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100-процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е 89 отсто, на Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто,... Најзависна од  рускиот гас од западноевропските земји е Финска со 94 отсто, а најмалку зависна Франција со 24 отсто. - Гасното поврзување со рускиот гас во Северна Македонија е преку Бугарија. Северна Македонија планира наскоро да изгради интерконектор за гас со Грција, проект со стратешко значење за земјата што ќе ја подобри енергетската сигурност и ќе овозможи диверзификација на гасното снабдување, велат од АЦЕР. вј/дма/

Остани поврзан