• понеделник, 23 декември 2024

Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор: Тврдења на Мицковски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити

Ахмети на средба со бугарскиот амбасадор: Тврдења на Мицковски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити

Скопје, 16 август 2024 (МИА) - Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово го примил бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, на која, како што информираат од ДУИ, размениле мислења за Коридорот 8, патниот и железничкиот, уставните измени, клучните државни договори, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, санкционирањето на изборниот легитимитет итн. 

Ахмети, како што се посочува во соопштението, најпрвин го образложил духот на Охридскиот договор со тоа што го информирал амбасадорот за нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, како и за мислењата на локалните експерти. 

Лидерот на ДУИ го информирал амбасадорот за активностите што партијата и „Европскиот фронт“ ќе ги преземаат во одбрана на легитимитетот од септември на средби со граѓани.

Соговорниците, се наведува во партиското соопштение, се согласиле дека Коридорот 8 е регионален и евро-американски приоритет и посочуваат оти Владата без одлагање треба да ги продолжи проектите за патно и железничко поврзување.

-Истовремено, Ахмети истакна дека ДУИ е државотворна партија, а непостоечките тврдења на премиерот Мицковски за сценарија за дестабилизација од страна на ДУИ се невистинити и претставуваат намерни и опасни владини сценарија за обвинување други за дестабилизација за да се дефокусира јавноста од недостатокот на резултати и секојдневни владини скандали. ДУИ го има докажано својот придонес за стабилноста и безбедноста и се спротивставува на секој политички владин инсцениран обид за дестабилизација и ги повикува Албанците и другите да не потпаднат на провокациите на владата без етнички легитимитет, се вели во соопштениетои на ДУИ. 

Ахмети потсетил на ветувањето на Коалицијата „Влен“ за изгласување на уставните измени за шест месеци и потенцирал дека ДУИ останува посветена на евроинтеграциите. фф/ац/

Фото: ДУИ

Остани поврзан