• петок, 22 ноември 2024

Ахмети: Максимална вакцинација и сочувство за семејствата на жртвите од Ковид-19

Ахмети: Максимална вакцинација и сочувство за семејствата на жртвите од Ковид-19
Скопје, 29 август 2021 (МИА) - Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска на својата официјална Фејсбук страница упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и изрази сочувство до семејствата на починатите од Ковид-19. -Јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани, напиша Ахмети. Претседателот на ДУИ изрази најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој, како што напиша, подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена. -Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети на Фејсбук. мд/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан