• среда, 20 ноември 2024

АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица, водата се уште не е безбедна за пиење

АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица, водата се уште не е безбедна за пиење

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) му наложија спроведување нови мерки на јавното комунално претпријатие „Комуналец” од Струмица како резултат на спроведениот вонреден инспекциски надзор во акумулацијата Турија, која во овој временски период е со енормно намалена количина вода, а од од каде се обезбедува питка вода за граѓаните од Струмица. Направен е увид и на филтер станицата и интерната лабораторија при што е утврдено дека струмичкото јавно претпријатие во моментов ги презема потребните мерки за намалување на нивото на манган во водата, чие ниво се уште е високо. 

-Со надзорот е констатирано дека филтерната станица, резервоарите и главна водоводна мрежа, повеке години не се механички чистени и хиперхлорирани, иако, согласно чл.24 од Правилникот за барања на безбедност и квалитет на вода за пиење, јавното комунално претпријатие има обврска тоа да го прави еднаш годишно, за време на елементарни непогоди и зачестено. Утврдено е дека во моментов целиот систем е контаминиран, заради што е наредено да се спроведе мерката за механичко чистење и хиперхлорирање и повторно вршење на лабораториски анализи по спроведувањето на мерките, наведува АХВ.

Истакнува и дека при надзорот на акумулацијата од страна на инспекторите за храна на АХВ, земени се мостри од водата во акумулацијата за лабораториско испитување, од осум мерни места. Водата за пиење која се обезбедува од оваа акумулација за граѓаните од Струмица, се уште не е безбедна за пиење. мч/дма/

фото: МИА архива

 

 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан