• петок, 22 ноември 2024

АХВ: Безбедна е водата од гостиварскиот водовод

АХВ: Безбедна е водата од гостиварскиот водовод

Скопје, 14 октомври 2024 (МИА) - Безбедна е водата од гостиварскиот водовод, а и присуството на манган е во граница на дозволените вредности, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Според АХВ, ова го покажале резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри вода од гостиварскиот водоводен систем што ги изврши Институтот за јавно здравје - Скопје во рамки на вонредниот инспекциски надзор на 05.10.2024 година.

Анализирани биле примероци од три мерни места во Гостивар. Резултатите покажале дека водата за пиење физичко - хемиски и бактериолошки одговара на дефинираните критериуми за безбедност и квалитет.

- Паралелно, на 5, 8 и на 09.10.2024 година, земени беа десет мостри за анализа на водата за пиење од градски водовод Гостивар од страна на Центар за јавно здравје Гостивар. Резултатите од тестирањето на водата за пиење потврдија дека мострите одговараат физичко хемиски и бактериолошки со параметрите од Правилникот, а манганот е во граница на нормалните вредности. Бидејќи нема отстапки во однос на безбедносните критериуми, водата е безбедна за пиење, односно, се отстранува забраната за користење на водата од гостиварскиот водоводен систем, наведува АХВ. мч/ев/

фото: МИА архива

Тагови

Остани поврзан